Драма, стрес и со многу среќа, Шумахер е шампион во Формула 2

Последната трка во Формула 2 првенството за 2020 година на Шакир го одлучи новиот шампион во серијата и по многу драма, стрес и многу среќа, Мик Шумахер како шампион ќе премине во Ф1 следната година.

Стартувајќи од третото место, Шумахер требаше да ја заврши трката, додека неговиот главен конкурент, Калум Илот мораше да победи, додека Мик да не освои ниту еден поен. Со одличен старт, Мик го превзеде второто место, но по неколку свиоци имаше големо блокирање на предното десно тркало и за малку го избегна Ден Тиктум на првата позиција.

По неколку кругови, грешките на Шумахер продолжија со уште повеќе блокирања на предните тркала и неговите перформанси опаднаа, додека Калум Илот агресивно надомести позиции од позади и почна да го напаѓа германецот. Во 15от круг возењето веќе беше невозможно за Шумахер и тој влезе во бокс по софт пневматици. Во исто време, тоа ја отвори вратата за Илот кој почна да атакува кон првите двајца возачи со фокус кон победата. Шумахер се врати на 18то место по боксот.

На првите седум позиции се одвиваше неверојатно драматична борба, со блиски тензични дуели помеѓу сите возачи кои трае во последните 10 кругови без пауза. Во сите тие дуели, пневматиците на Илот почнаа да откажуваат полека и тој беше претекнат од повеќе возачи, на крајот завршувајќи на 10то место без поени.

Јехан Дарувала победи на трката, пред својот тимски колега Јуки Тсунода и Ден Тиктум на третото место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ