Драстично помал број на новинари во Австрија

Поради безбедносните и здравствени мерки околу Ковид-19, на поголем дел од новинарите и медиумите нема да им биде дозволен пристап на Австриското Гранд При.

Многумина ќе останат дома, бидејќи мерките за карантинот не овозможуваат оправдани причини за некој да допатува во Спилберг. Скај Спортс, сепак, ќе бидат таму. Колкумина од нивната екипа ќе присуствуваат, сеуште не се знае. 

Скај Спортс Ф1 ќе биде на локација и се надеваме дека ќе ја пренесеме целата акција. Долго време чекавме за ова. 

Тед Кравиц го потврди тоа, но останува да се види кој од екипата ќе биде присутен. ФИА и Формула 1 всушност побараа од повеќето да не патуваат до патеката и само неопходните новинари да се појават.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ