Другович: На Ф2 шампионот треба да му се дозволи враќање во серијата

Формула 2 шампионот бразилецот Фелипе Другович, изјави дека шампионот во јуниорската тркачка серија треба да добие шанса во Формула 1 и доколку тоа не се случи, треба да има можност да си го брани насловот. 

По спринтот на Монца, тој стана шампион, но нема обезбедено место во Формула 1 за наредната сезона. Наместо тоа, тој потпиша да биде резервен возач на Астон Мартин и прв член на нивната возачка програма. Бразилецот верува дека серијата треба да ги следи Мото 2 и Мото 3 каде шампионот има шанса да се врати назад доколку не обезбеди место во повисоката класа. 

Мое мислење е деја доколку си шампион и не може да останеш во серјата, треба да те промовирааат во Формула 1, но доколку не се случи тоа да имаш можност да останеш.

Така е во Мото 2 и Мото 3. Најпрво треба да се промени тоа. Имав контакти со Индикар, но не ми е тоа целта. Сакам во Формула 1 – откри фелипе. 

Извршиот директор на Формула 2 серијата, Бруно Мишел, не се согласува и верува дека серијата мора да го задржи сегашниот модел. 

Не знам што изјавил тој, но не се согласувам. Мислам дека е пирамида и мора да имаме ваков систам. Не би сакал Формула 2 и Формула 3 да се професионални серии само поради тоа и момците тука да остануваат засекогаш. Не е добро за нивната кариера и со повеќе искуство ќе ги знаат патеките и болидите. Побединикот не останува и тоа е најважно од се. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ