Дуан добива тест со Алпин во Катар

Возачот од Академијата на Алпин, Џек Дуан, ќе го има своето прво возење на Формула 1 болид во Катар во Недела.

Формула 2 тркачот кој беше второпласиран во ланската Формул 3, ќе учествува на тестирањето на Лосаил патеката викендов со А521 пакетот на тимот. Австралијанецот, син на мото легендата Мик Дуан, стана дел од Академијата на францускит производител во Јануари годинав пред своето Формул 2 деби за Виртуоси Рејсинг. Тој ќе тестира заедно со Формула 2 првакот, исто така штитеник на Алпин, Оскар Пиастри.

Пиастри имаше Формула 1 тест во Остин во Април, а трет пат ќе го возиболидот на австриски Спилберг по трките во Барселона и Монако.

претерано сум возбуден што ќе возам формула 1 болид а прв пат. ова е момент кој го чекав откако почнав да се тркам во картинг и знам дека сум многу привилегиран што добивам ваква шанса.

благодарен сум на алпин за можноста и нетрпелив сум да се покажам во најдобро светло на тестот. гледав некои приватени тетови од патеката, многу се подготвував во симулаторот во енстон, така што дефинитивно сум подготвен за овој нов и огромен предизвик за мене.

ќе се надоградувам во текот на денот, ќе се подобрувам, а во исто време ќе уживам и се надевам дека тимот ќе научи многу со мене во болидот – се надева дуан.

Џек имаше тежок почеток на својата дебтитантска Формула 2 сезона и по три викенди, осносно шест трки има само шест поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ