Дуото на Ред Бул ветува дека ќе ги поправи грешките

Макс Верстапен и Алекс Албон ветуваат дека лекцијата која ја научиле на Австриското Гранд При ќе ја искористат викендов на втората трка на истата патека.

По втората трка во Формула 1 на истата патека, овој пат како Штаерско наместо Австриско Гранд При, формата дозволува за уникатна можност во споредба на перформанси, нешто што им одговара на Ред Бул, кои на крајот мора да испорачаат резултати.

На некој начин се обидов да престанам да мислам на трката и да ги извлечам позитивните моменти. Болидот е добр, но по втор пат со Хамилтон имавме контакт. Сепак не очекува работа, но може да се бориме, тоа е најважно. Најголема штета е што не ја искористивме ситуацијата и не ги освоивме поените кои ги заслуживме, но имам самодоверба пред следниот викенд.

Има области во кои треба јас и тимот да се подобриме. Ќе има поинаква атмосфера викендов бидејќи ја познаваме патеката, ништо не се промени од минатата трка, така што ќе биде важно да ги подесиме работите правилно – вели Албон.

Со можни врнежи од дожд, Верстапен се надева дека ќе ги има истите со цел да се “зачини“ трката по јасната предност на Мерцедес на сува површина.

Одвај чекам на трката викендов и тоа е одлична можност уште повеќе да се запознаеме со болидот. Тоа што го имавме не беше совршено и може да се подобриме. Добро е што може да направиме директна споредба, зависно од времето и се надевам ќе биде подобро овој пат.

Изгледа дека ќе врне оваа недела и не сум сигурен колку ќе бидат Мерцедес конкурентни во такви услови, така што ќе биде интересно. Секогаш уживам на дожд, не ми пречи, но за да бидеме брзи мора и болидот и возачот да функционираат 100 проценти – вели Верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ