Еден од главните инженери на Ред Бул ќе стане Технички директор на Мекларен

Роб Маршал, еден од главните инженери на Ред Бул ќе стане технички директор во Мекларен по обемното реструктуирање на техничкиот оддел во Вокинг.

Маршал ќе ги напушти актуелните конструкторски прваци на крајот од оваа година, иако веднаш ја напушта својата улога на еден од главните инженери и ќе стави крај на својот 17-годишен престој во Милтон Кинс. 

Од Јануари 2024 година, инженерот кој се смета за иноватор во некои од најдобрите решенија на болидите на Ред Бул и човек кој е во тимот уште од претходната доминација, ќе ја напушти екипата. Маршал беше главен дизајнер на тимот од 2010 до 2013 година, а потоа превземал поширока улога на главен инженер. Од неодамна бил силно вклучен во Ред Бул Пауертреинс проектот за производство на мотори.

Андреас Стела, тимскиот шеф на Мекларен е пресреќен од новиот колег.

неверојатно сум среќен и адоволен што роб ќе дојде во мекларен со 25-годишно моторспорт искуство, тој доаѓа со огромно знаење и огромни успеси. неговото назначување како наш технички шеф е еден од клчните чекори на патешествието до врвот на екипата.

Откако Стела беше избран за наследник на Андреас Сеидл кој замина во Заубер за д го подготви за Ауди, итлијанецот направи огромна реконгструкција во техничкиот оддел на Мекларен, а последно засилување беше славниот Жил де Феран кој беше поставен на позиција неизвршен советник. Претходно од тимот замина техничкиот директор Џејмс Кејс, а на негово место беше воссо тановена структура од тројца инженери, секој задолжен за одредена област.

ние сме екипа која има амбиција да се бори за титули, но последните неколку сезони не покажавме нагорен тренг на перформанси. последните месеци работиме кон поставување на здрав темел за напредок. Пристапот кој го прифативме е базиран на засилување на силните страни на тимот со искусни луѓе, паралелно со проекти на подобрување на инфраструктурата и технологијата која ја користиме – дополни шефот стела.

Кристијан Хорнер, тискиот шеф на Ред Бул, му се заблагодари на Маршал за својот придонес.

сакаме да му се заблагодариме на роб за се што стори за екипата минатите 17 години. неговата работа на болидите од 2010 до 2013 година ни даде огромна предност и доминација во тој период.

одтогаш продолжи да биде една од клучните фигури во тимот, а од 2016 година стана главен инженер на екипата вклучен во многу проекти за брендот. неговото влијание ќе ни недостасува и уште еднаш му благодриме за се што стори за нас и му посакуваме се најдобро во новата улога.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ