Еди Џордан предлага замена Леклер за Хамилтон

Поранешниот тимски сопственик, ирецот Еди Џордан, смета дека би било одлично за Формула 1 доколку Луис Хамилтон направи трансфер од Мерцедес во Ферари.

Актуелниот договор на британецот со “сребрените“ завршува на крајот од оваа година, а гласини за неговата иднина има многу. Седумкратниот првак имаше огромен успех по доаѓањето во Бракли, но по промената на правилата лани, екипата не успев да конструира силен пакет.

на формула 1 и треба луис хамилтон во ферари, а и на ферари му треба луис хамилтон. тој треба да бара друга шампионска екипа за себе.

ред бил нема да се откажат од серхио перез за него затоа што сакаат да ги охрабрат возачите дека нивната академија е вистинско место за напредок и формула 1 болид, слично на верстапен.

хамилтон е човек на мекларен, но не гледам дека може да се врати таму поради позицијата во која тимот се наоѓа во моментов.

единствена друга опција која ја гледам за него е место во ферари или останување во мерцедес. во моментов тој нема договор со тоо волф, а самиот тото посочи дека ако тој е луис, ќе размислел да замине.

работите во мерцедес не се како што беа порано. не го знам гледиштето на волф за ситуацијата, но му верувам кога вели дека сака хамилтон да остане, но едноставно, тимот не е доволно добар за него – изјави џордан за OLBG.

Еди предложи рокада на возачи, односно Леклер за Хамилтон. Шарл е дел од Ферари од 2019 година и победи неколку пати за нив, но не успеа сериозно да нападне за титула.

ќе бде интересно. шарл леклер е тип на возач каков што би сакале мерцедес и да се види во иста екипа со џорџ расел ќе биде фантастично. добро го познавам шарл лично и тој е фантастичен, но таков е и хамилтон.

сигурен сум дека многу луѓе во ф1 би сакале да вдидат замена помеѓу двете екипи. сите големи возачи сонуваат за место во ферари и поради тоа сметам дека хамилтон треба таму да заврши.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ