Еди Џордан сигурен: Хамилтон оди во Ферари … во пакет со Волф

Поранешниот сопственик на Формула 1 екипа, Еди Џордан, е сигурен дека Луис Хамилтон дефинитивно е намамен да го промени тимот и да вози за Скудерија Ферари во 2021 година штом неговиот договор со Мерцедес заврши.

целосно сум сигурен дек во 2021 година луис хамилтон ќе премине во ферари. тоа е вистинско време за него да оди во маранело, се ближи до крајот на кариерата, но сеуште сака да освои барем седум титули – смета џордан во својата изјава за списанието Top Gear.

Контроверзниот ирец смета дека Луис нема да биде единствениот од Бракли кој ќе направи трансфер во Маранело таа година.

луис ќе отиде во ферари само ако некој го заштити од заканата наречена шарл леклер. сметам дека вистината е оти луис ќе оди во ферари во 2021 година само ако со него тоа го направи и тото волф.

тото ќе оди со него затоа што како што реков луис нема да сака да биде изложен и ќе сака да донесе некој кој ќе биде на негова страна.

Иднината на Волф во спортот подолго време е цел на многу шпекулации. Се зборува дека ќе го напушти шефовското место во Мерцедес, екипата каде има и сопственики удел за да дојде на чело на Формула 1 наместо Чејс Кери.

тото знае дека долгорочната иднина на мерцедес во спортот не е сигурна, а луис повеќе од еднаш го споменуваше и договорот на тото што е многу невообичаено за формул 2 возачи.

Австрискиот тимски шеф неодамна откри дека останува дел од “сребрените“ и дека тие ќе останат во спортот, но Џордан смета дека било одличен потег на ривалите да го намамат кај себе. Еди смета дека по сезоната со грешки и пехови од страна на италијанците, на Ферари им треба токму Волф доколку сакаат сериозно да нападнат за титула.

она што во маранело го немаат е личност крај патеката која ќе го води тимот во однос на тоа како да ја одработат стратргијата, нешто што тото го знае затоа што тркањето му е во крвта и со сигурност би сакал име како ферари во својата биографија.

Дури и ако успее да ги обезбеди во пакет Хамилтон и Волф, Еди Џордан не смета дека во Маранело ќе се откажат од ѕвездата во подем, Шарл Леклер кој веќе го победува Себастијан Фетел иако е само една година во екипата.

иако на ферари сигурно не им треба двајца први возачи, сигурен сум дека нема да се откажат од леклер. за шарл ќе биде фантастино да може да го победи хамилтон во ист болид затоа што тоа само ќе докаже дека има потенцијал да стане голем.

во врска со фетел, сметам дека ќе се повлече на крајот од следната година, не може да се врати во ред бул затоа што ќе биде “изеден“ од макс верстапен. сепак, доколку мерцедес одлучат да останат во формула 1 мислам дека би го сакале фетел како утешна награда по губењето на луис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ