Екипите ќе заштедат и на котизациите за следната година, помалку пари за Ф1

Помалиот број на трки оваа сезона значи дека екипите ќе платат помала сума за учество во првенството оваа година, а таа разлика кај Мерцедес е над 1 милион долари.

Првичниот план беше рекорден календар од 22 трки, но пандемијата многу рано ги откажа првите 10 настани, по што ФИА и Ф1 склопија календар од 17 настани, главно во Европа.

Намалената можност за освојување поени значи дека котизациите кои се базираат на освоените поени на крајот од сезонат ќе бидат намалени, нешто што е во интерес на екипите, но на штета на спортот.

Како дел од ретруктуирање на финансискиот дел во Формула 1 од 2013 година со цел и ФИА да добие дел од колачот, договорено беше екипите да плаќаат котизација, односно сума за учество во првенството врз база на освоените поени претходната година. Таквите трошоци може да бидат ексртремно високи, а лани шампионскиот Мерцедес плати речиси 5,5 милиони долаери.

Секоја екипа плаќа основна котизација од 556,506 долари која се плаќа штом се привјави тимот да учество во спортот. Понатаму, шампионите плаќаат дополнителни 6,677 долари за секој освоен поен во сезоната во која освоиле титула, додека останатите плаќаат по 5,563 долари за секој поен. Овие пари треб да се платат еден месец по последната трка кога се дефинирани поените.

Со својата 7ма титула, Мерцедес повторно ќе плати најмногу пари, но истиот износ ќе биде помал од ланскиот. Со своите 573 освоени поени, споредено со 739те лани, “сребрените стрели“ ќа платат 4,382,430 долари откако лани платија 5,490,812 долари.

Но, многу пари оп овој основ ќе заштеди и Ферари, само поради тоа што лани беа одлични, а годинава очајни. Минатата сезона од Маранело платија 3,360,261 долари за своите 504 освоени поени, додека сезонава за своите лоши 131 поен ќе платат 1,285,262 долари.

Најголем губитник од оваа ситуација и намален календар кој носи помалку поени е ФИА, така што со губење на 5те трки Федерацијата ќе инкасира 2,837,130 долари помалку.

2021

Екипа Поени Износ од освоени поени Вкупен износ
Мерцедес 573 $3,825,921 $4,382,430
Ред Бул 319 $1,774,597 $2,331,106
Мекларен 202 $1,123,726 $1,680,235
Рејсинг Поинт 195 $1,084,785 $1,641,294
Рено 181 $1,006,903 $1,563,412
Ферари 131 $728,753 $1,285,262
АлфаТаури 107 $595,241 $1,151,750
Алфа Ромео 8 $44,504 $601,013
Хаас 3 $16,689 $573,198
Вилијамс 0 $0 $556,509

 

2020

Екипа Поени Износ од освоени поени Вкупен износ
Мерцедес 739 $4,934,303 $5,490,812
Ферари 504 $2,803,752 $3,360,261
Ред Бул 417 $2,319,771 $2,876,280
Мекларен 145 $806,635 $1,363,144
Рено 91 $506,233 $1,062,742
Торо Росо 85 $472,855 $1,029,364
Рејсинг Поинт 73 $406,099 $962,608
Алфа Ромео 57 $317,091 $873,600
Хаас 28 $155,764 $712,273
Вилијамс 1 $5,563 $562,072

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ