Еклстон го подржува Макс за Drive to Survive

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, го поддржа Макс Верстапен кој ги критикуваше Drive to Survive околу креирањето вештачко ривалство со Хамилтон. 

Нетфликс ја снимаат четвртата сезона на Drive to Survive, но еден возач нема да дава никакви интервјуа или да споделува мислења, а тоа е Макс Верстапен. 

Јас како возач не сакам да бидам дел од тоа. Се прават вештачки ривалства кои не постојат. Се прави драма без факти и вистински работи – ја објасни макс својата одлука.

Иако Мерцедес побрзаа да ја одбранат серијата, Еклстон се согласи со Верстапен. 

Реалист сум и знам дека тоа не е реално. Знам како се однесуваат повеќето од момците. Се знае кога нешто е целосно погрешно и можеби го вознемириле Макс повеќе. 

Еклстон нема да биде дел од Нетфликс серијата, но сепак сака да знае кој ќе ја освои титулата. Седум години по ред Мерцедес ја освојуваат титулата и Луис Хамилтон го “брка’ осмиот наслов за да го стигне Михаел Шумахер. Во моментов тој заостанува 12 поени зад Верстапен, а на наредните трки има уште 133 поени во игра. 

Еклстон смета дека е доста возбудливо да се види крајот на сезоната и сеуште не е сигурен на кого би се обложил за да ја освои титулата. 

До сега мислам дека Луис беше на пол позиција и водеше од таму, Но никој не е возбуден од тоа. Сакам да ги гледам сите тренинзи и трки, Но доколку би требало да се обложам, попрво би играл рулет отколку да се обложам на формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ