Еклстон: Либерти се подготвува за продажба на Ф1

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон, смета дека Либерти Медиа се подготвуваат да ја продадат Формула 1. 

Американците го купија спортот во 2017 година откако платија 4.6 милијарди долари на тогашнит есопственици, ЦВЦ Капитал. Тогаш Екслстон беше заменет на неговата функција и беше поставен за Почесен претседател. Раководењето со спортот го превзема Чејс Кери кој од наредната година ќе биде заменето од Стефано Доменикали.

Оваа недела беше објавен календарот за наредната година со рекордни 23 трки откако беше забележана огромната загуба на спортот поради пандемијата. 

23 трки треба да дадат впечаток дека бизнисот оди одлично. јас би го направил истото доколку сакам да го продадам бизнисот – смета господин е.

Неименуван шеф во Формула 1 организацијата смета дека спортот и наредната година ќе има проблематична сезона. Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл смета дека иако заработиле помалку сепак имале доста заштеда. 

Мислам дека е можно да се преживее уште една сезона доколку продолжиме со штедењето. Лимитираниот буџет ќе ни помогне. Дали ќе трошиме пари за развој на моментален болид или да правиме нов не прави многу разлика. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ