Еклстон: Силверстон ќе преживее без Ф1

Шансите за одложување на Големата награда на Британија која треба да се вози во Силверстон се големи, но поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, смирува, велејќи дека откажаната трка нема да му штети на славниот автодром.

Пандемијата со Ковид-19 веќе ги одложи првите осум трки од календарот, а Австралија и Монако го откажаа учеството во календарот сезонава. Прва трка која во моментов не е откажана е Канадското Гранд При на средина од Јуни, а Силверстон е еден месец подоцна.

На Островот има над 4 илјади смртни случаи како резултат на вирусот, а одлука за организација треба да се донесе до крајот на овој месец. Но, дури и одлуката да биде негативна, Господин Е не гледа никаков проблем околу тоа.

мислам дека се добро организирани и кај нив не зависи се само од формула 1 имаат одличен бренд и прават многу други работи. дали ќе успеат да стигнат се што прават надвор од формула 1 во моментов не знам.

на силверстон им е полесно оаошто на другите, но сите мораат да видат што сработиле и како да продолжат во иднина – смета берни.

Чејс Кери најави сезона од 15-18 трки по летото, но Еклстон смета дека Либерти не може да организира ни 8 колку што е минимумот за една сезона да биде признаена согласно правилата.

ќе повторам дека сметам оти оваа сеона треба да се откаже и да се почне следната година затоа што нема да може да се организираат доволен број трки во 2020 година за да се смета за цела сезона. мора да има осум трки колку што се сеќавам, а не гледма начин како да се стигне до таа бројка во моментов.

Луис Хамилтон “брка“ седума титула за да се изедначи со Михаел Шумахер на вечната листа, а Берни смета дека без разлиак на бројот на трките, тој е фаворит.

на луис не му прави разлика колку трки се возат, дали осум дали 16 или пак 20. ако се бори за титула и тој победи, книгата со рекорди ќе каже дека има седум титули, а доколку победи на сите осум трки ќе биде лудница.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ