Еклстон: Спринт квалификациите се тотална глупост

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон, вели дека новиот формат за спринт квалификации во Формула 1 е “тотална глупост“.

Претходно, пред Формула 1 Комисијата да ја одобри квалификациската трка во Сабота на 100 километри, која ќе се испроба во три наврати во 2021 година, поранешниот Ф1 супремо даваше поддршка на потегот.

Зошто да не? Да видиме дали навивачите прифаќаат спринт трки – велеше до лани британецот.

90-годишниот Еклстон изјави дека важна работа е тоа што новиот формат нема да вклучува обратен грид, бидејќи тоа ќе ја нарушело ДНК-то на Формула 1.

Тоа би значело дека најбрзите се казнети, а не наградени.

Сепак, сега во разговор со германскиот магазин Спорт Билд, Еклстон направи пресврт во неговиот став за новиот формат.

Она што тие го решија е тотална глупост.

Ако победникот на спринт трките добие и поени и е прв на гридот, тоа нема да рефлектира кој е навистина најдобриот возач на крајот на сезоната.

Мојата првична идеја беше да му дадам на победникот на спринт трка можеби 10 поени, но потоа нека започне од десеттото место на главната трка, па полесно е да се видат неговите вистински вештини.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ