Еклстон: Супер дуо Хамилтон-Фетел ќе биде одлично за Ф1

Берни Еклстон смета дека возачки тандем на Мерцедес составен од Луис Хамилтон и Себастијан Фетел ќе биде одличен за Формула 1.

Од објавата на Фетел и Ферари дека се разделуваат на крајот на оваа година, иднината на германецот во спортот стана голема тема на дискусија и шпекулации.

Но Еклстон смета дека возачкото дуо од Хамилтон и Фетел во Мерцедес би било од огромна вредност за спортот и ќе ги воодушеви фановите.

Би сакал да го видам во Мерцедес. Очигледно, Би сакал да го видам против Луис Хамилтон, тоа би било добро за Формула 1, добро за спортот и за луѓето кои го следат. Мислам дека двајцата ќе се согласуваат без проблеми. Не е прашање до его, двајцата имаат супер талент. Тоа ќе биде супер, супер тим.

Не гледам проблем и не сметам дека Луис би бил загрижен и знам дека Себастијан би сакал да ја има можноста да се трка против него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ