Еклстон: Ферари не е пензионерски дом

Човекот кој никогаш нема да се пензионира, Берни Еклстон, ги демантираше шпекулациите дека Луис Хамилтон добил бланко чек од Ферари. 

Според гласините, Претседателот Елкан и Луис Хамилтон директно преговараат и Ферари се подготвени да му платат 50 милиони долари годишно на британецот да дојде да вози за Ферари. 

Би бил изненаден доколку Ферари се одлучат да го пуштат Леклер и да го донесат Луис, бидејќи тие многу го сакаат Леклер. хамилтон изјави дека кога ќе реши да оди во пензија, ќе биде во Мерцедес и поради тоа Би ме изненадило да ги напушти.

Доколку би бил Луис и би видел дека Леклер задоволно си заминува од Ферари би рекол дека има некој проблем таму. Не знам зошто Луис би мислел дека Ферари е подобро место во моментов. Тој знае се за Мерцедес, Таму многу повеќе го почитуваат.

Ферари не е пензионерски дом, Тие сакаат титула повеќе од било кој. Лично мислам дека ќе остане да се пензионира во Мерцедес. 

Луис ја вози својата 316та Гранд При трка овој викенд во Монако, а зад себе има седум титули и заостанува 63 поени зад актуелниот шампион Верстапен. 

Не знам што се случи со Мерцедес и со нивната форма. Можам да разберам зошто Луис е фрустриран, Но неговиот договор носи многу пари и тоа е проблем. Луис може до осма титула само со Ред Бул, а таму нема место за него. Тоа е невозможно и нема шанса. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ