Еклстон: Фетел не требаше да си оди од Ред Бул

На средина од преговорите на Себастијан Фетел со Ферари, а во врска со продолжување на соработката, Берни Еклстон смета дека воачот никогаш не требало да го напушта Ред Бул.

Четирикратниот првак замина од Милтон Кинс на крајот од 2014 година откако загуби титула од Луис Хамилтон, а беше и многу послаб и побавен од својот тогашен колега, Даниел Рикардо.

Мина во Ферари каде на два пати беше втор во шампионскиот поредок, но лани финишираше на 5то место зад двајцата возачи на Мерцедес, Макс Верстапен од Ред Бул и својот колега Шарл Леклер. Да биде победен од својот колега му се случило само два пати во кариерата, а честите грешки на патеката беа очигледни.

Леклер доби награда од нов петгодишен договор со Маранело, додека Себ сеуште преговара за кус договор со силно намалена плата.

сме ја виделе таа ситуација и порано, дете од “нигде-никаде“ доаѓа во ферари и има фатнастични резултати, дете за кое никој не чул извозува фантастично и одеднаш сите во ферри го обожваат.

блисок сум со себасијтан, но не разговараме за вакви работи. претпоставувам дека се чувствува некако запоставен и во позадина.

тој не е во лесна и едноставна позиција, неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона во која мора да покаже што знае и мора да биде многу брз ако сака да остане во тимот.

сметам дека во врска со ред бул, тој не требаше да замине од тимот, но сите сакаат да возам за ферари и финансиски тој потег беше одличен – смета еклстон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ