Еклстон: Фетел треба да се врати во Ред Бул

Берни Еклстон смета дека Себастијан Фетел треба да се врати во Ред Бул и да покаже колку е сеуште брз. 

Фетел заглави во средниот ред во текот на минатата сезона со слабиот Астон Мартин откако го напушти Ферари на крајот на 2020 година. 

Тимот од Силверстон едвај доаѓаше до поени и со тоа се покренаа сомнежи околу брзината на Фетел. Германецот призна дека размислувал за пензионирање но поранешниот шеф на Формула 1 смета дека тој треба да се врати во својот стар тим и да докаже колку е брз. 

Тој треба да оди во пензија кога ќе сака, Не кога ќе му се каже. Не знаеме колку е брз бидејќи не е во конкурентен болид. Треба да се врати во Ред Бул – посочи господин е.

Шампионот изјави дека сеуште сака успех во Формула 1 и дека е посреќен сега отколку во Ферари. Многумина се чудеа како тој реши да остане во спортот по заминвуањето од Ферари. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ