Доколку Берни Еклстон останел на чело на Формула 1, би сакал да биде наследен од Кристијан Хорнер, моменталниот тимски шеф на Ред бул Рејсинг.
Господин Е го напушти спортот откако беше отпуштен од Либерти Медиа во 2017 година, стана почесен претседател, а потоа го загуби и таа почесна титула.
Стефано никогаш не ги знаел работите иако работеше за Ферари. Не знаеше што се случува зад сцената. Јас не сум бил нечиј учител и не сакав да бидам – вели берни.
Еклстон, кој патем е близок со Хорнер, верува дека тој би бил негов наследник.
Доколку бирав, денеска би рекол дека тоа ќе биде Кристијан бидејќи слуша многу и ги средува проблемите.