Економијата на Монако загуби 100 милиони евра поради трките

Викендов на програмата требаше да биде најпрестижната Формула 1 трка од календарот, Големата награда на Монако, настан кој беше целосно откажан за оваа тркачка сезона. Улиците на Кнежевството останаа празни, но разочарувањето не е огромно само за фановите туку и за самата власт која поради откажување на трката ќе загуби 100 милиони евра.

La Gazzetta dello Sport направиле студија за значењето на трката за Монако заедно Економскиот институт во Монако, по што дошле до заклучок да посетителите на Гранд При трката трошат по 68,3 милиони евра за само четири денови, хотелите инкасираат дополнителни 18 милиони евра за време на тркачкиот викенд, заедно со рестораните, кафе баровите како и приватниот имот кој се издава. Останатиот износ од околу 10 милиони фунти се однесува на сувенири и транспорт, особено летања со хеликоптер.

Самиот Автомобилски Клуб на Монако заработува околу 22 милиони фунти од самата трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ