Екстрим Е го сакаат Ферари

Основачот на серијата Екстрим Е, Алехандро Агаг, би сакал да го види Ферари со свој тим во серијата.

Веќе има неколку познати ликови од Формула 1 светот кои имаат свои екипи, а последно беше најавено дека и Мекларен ќе се приклучи на серијата. На гридот има место за уште два тима бидејќи максимум се 12 возила.

Иако се добредојдени независни тимови и производители, Агаг признава дека би сакал да ги види Ферари во своите редови, но доаѓањето на Мекларен е најголема работа за спортот во последно време.

Ова се најголеми вести во кратката историја на Екстрим Е. Им посакавме добредојде на Мекларен и на Зак кој е веќе во шампионатот. Ќе почекаме бидејќи вестите се големи. Екстим Е расте цело време и очекуваме изненадувања.

Браун веќе е во спортот преку тимот Андрети Јунајтед.

Јас сум тивок партнер преку Јунајтед Аутоспортс. За мене лично е релаксација кога одморам од Мекларен бидејќи во Мекларен сум посветен 100%. Кога ќе започнеме со Мекларен во Екстрем Е тогаш ќе се посветам целосно и ќе го препуштам Андрети Јунајтед на останатите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ