Ели Норман, главната во Ф1 маркетингот го напушти спортот

Ели Норман, првиот човек на маркетингот во Формула 1, ја напушти тркачката серија по 4,5 години минати на таа позиција.

Таа беше една од првите клучни фигури кои Либерти Медиа ги донесоа во Формула 1 откако ја превземаа тркачката серија во Јануари 2017 година. Таа официјално дојде во спортот во Јуни истата 2017 година, а почна да работи во Август, директно под Шон Брачес, доскорешниот оперативен директор.

Пред Формула 1, таа има искуство од Хонда Европа каде била менаџер за комуникации како и Вирџин Медиа каде била главна за рекламирање и одговорна за спонзорски активности. 

Откако Либерти го превземаа спортот, маркетинг одделот претрпе неколку промени, Брачес замина на почетокот на 2020 година, а главниот за дигиталните содржини, Френк Артхофер во Јануари лани. За сега, нема име во комбинација да ја замени Норман.

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, ја пофали Норман и нејзиниот придонес за напредокот на организацијата во последно време.

минатите пет сезони под раководство на ели на маркетинг тимот, ја ребрендиравме формула 1 и го модернизиравме пристапот што ни донесе силен пораст на базата на фанови низ светот.

во тоа време, формула 1 стана глобален бренд на социјалните медиуми, дигиталната содржина и соработките, изградивме робусна директна комнуникација со партнерите преку ф1 тв претплатите како и програмата за гости на трките. направивме баа на фановите и програма за односи со клиентите се со цел да им покажеме на фановите колку ни се важни.

сакам да и се заблагодарам на ели за се што направи и да и посакам се најдобро во следното поглавје од нејзината кариера кое секако ќе биде возбудливо – порача доменикали.

Норман им се заблагодари на Доменикали и на Чејс Кери, неговиот претходник, но сеуште не кажа каде ќе работи во иднина.

го постигнав тоа што си го зацртав во формула 1 и време е за следното поглавје. беше чест и привилегија да бидам дел од раководниот тим во трансформацијата на овој спорт од светска класа во забавен и модерен. го прифатив предизвикот и направив тим од нула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ