Емилија Ромања: Безгрешен 1-2 за Ред Бул

Возачите на Ред Бул не погрешија ништо во текот на сите кругови од главната трка на Имола и стигнаа до 1-2 финиш, а Макс Верстапен го освои максималниот број поени, победа на спринт, најбрз круг и победа на главната трка.

Кошмар за заборав на Ферари, Саинз не успеа да извози ни две кривини, Леклер самиот се уништи при крајот на трката форсирајќи да го претекне Чеко.

Трката почна на мокра патека откако врнеше пред самиот почеток и сите возачи тргнаа на интермедиа компонентата маркирана со зелена боја. Ред Бул тргнаа силно, Перез и Норис го минаа Леклер и го спуштија на 4то место, додека зад него Саинз се бореше со Рикардо и го извлече подебелиот крај.

Имено, Карлос минуваше од надворешниот дел на првиот дел од шиканата и остави доволно место, но Рикардо отскокна и излизга во него, имаа удар, двајцата се извртеа, но австралијанецот продолжи, а шпанецот втора трка по ред не успева да извози ни еден круг. Инцидентот донесе безбедносно возило кое се задржа 4 кругови на патеката. Рестартот го дочекаа Ред Бул на врвот, Макс пред Серхио, а Норис и Леклер зад нив.

Фернандо Алонсо беше вториот возач кој се откажа од трката откако во 7от круг одлета едно доста големо парче од страничнито дел на болидот како резултат на контактот кој го имаше со Мик Шумахер од првиот круг. За жал, дефектот не можеше да се поправи и Нандо мораше да се откаже.

Следниот круг број 8, Шарл Леклер лесно го мина Ландо Норис од Мекларен и се врати на позиција која му гарантира подиум, веднаш зад двата болиди на Ред Бул.

Во 12от круг Расел го мина Магнусен и му го превзема 5то место кое данецот го доби со одличен старт, а за два круга Кевин беше жртва и на Алфа Ромео возен од Валтери Ботас и “падна“ позиција подоле.

Серијата промена на гуми ја отвори мексиканецот откако во 19от круг влезе и промени на медиум губејќи две позиции, а истиот круг тоа го направија и Расел, Ботас, Магнусен, Хамилтон и Окон. Но, французинот од Алпин беше неправилно пуштање на патеката, за малку ќе се судреше со Хамилтон и доби казна од пет секунди за тоа.

Во 20от круг водечката тројка промени гуми, Верстапен за 2,3 секунди, Леклер за дури 1,4 секунди побавно, а по свежи пневматици влезе и Ландо Норис. Шарл излезе пред Чеко, но мексиканецот истиот круг си ја врати позицијата поради загреаните гуми кои ги имаше на себе.

Дури во 35от круг контролата на трка овозможи користење на ДРС, но и претходно имаше доста претекнување.

Кругот број 50 беше моментот кога Леклер се реши на алтернативна стратегија и промени на софт, следниот круг тоа го направи и Перез, а во 52от и Верстапен. Ферари излезе зад Норис на патека, но брзо го мина и имаа одличен ритам, по што моначанецот се пушти во лов на Перез.

Но, тоа траеше само 3 кругови пред Шарл да се изврти на Варианте Алта и да заврши во оградата. Веднаш влезе во бокс по ново крило и нови гуми, но од 3то “падна“ на 9то место. Сето тоа поради прекумерно форсирање и агресивно минување преку тротоарот на влезот од шиканата.

Во 56от круг Шарл го мина Магнусен за 8мо место, по три кругови го претекна и Себастијан Фетел за 7мо, а во 62от круг и Шарл Леклер за конечен финиш на 6то место.

Ред Бул со доминантен 1-2 викендов, а Ландо Норис и Мекларен со изненадувачки подиум откако двете Ферари имаа огромни проблеми. Џорџ Расел феноменален откако 10-тина кругови издржа напади од Валтери Ботас и заврши на 4то место, на трка на која неговиот колега не освои поени откако сигурно 20 пати се обиде и не успеа да го мине Пјер Гасли.

Шарл Леклер со Ферари само до 6то место, пред Јуки Тсунода и Себастијан Фетел. Два поени освои Кевин Магнусен, а Ленс Строл само поен, но Астон стигнаа до првите бодови годинава.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ