Емилија Ромања: Судари, црвено знаме и победа на Верстапен

Макс Верстапен стигна до својата 11та победа во кариерата на ултра-возудливото Гранд При за Емилија Ромања каде имаше од се по нешто, дожд, судари, црвено знаме, претекнувања, дуели …. и на крај победа за Ред Бул.

Луус Хамилтон погреши на средина од трката, но фантастично се извади за финиш на второ место пред феноменалниот Возач на денот, Ландо Норис и двоецот на Ферари.

Половина час пред почетокот на трката се виде дека ќе биде интересно откако дождот најави возбуда, а многу болиди се извртуваа во песокто уште при пробните кругови пробувајќи колку е влажна патеката. Астон Мартин имаа проблем со кочниците кај двата болиди, а Себатијан Фетел дури стартуваше од бокс затоа што беше потребан работа на сопирачките.

Во пресрет на стартот, единсвено Пјер Гасли од АлфаТаури, Естебан Окон од Алпин и двоецот на Хаас беа со сини гуми за дожд, а останатите беа на интермедиа, зелено маркираната компонента.

Формацискиот круг беше лош за Скудерија откако Леклер се изврте, но се врати без последици по болидот.

Стартот беше супер интересен, многумина се чуваа поради лизгавата патека, но не и Макс Верстапен кој го нападна моќно Луис Хамилтон и по првата кривиан од 3то дојде до прво место истуркувајќи го Луис и превземајќи му ја позицијата во истуација во која Чеко Перез беше “мрзлив“ по гаснењето на црвените светла.

Во истиот круг, Карлос Саинз се торпедираше со своето Ферари и по првиот круг од 11то дојде на 7мо место, а во меѓувреме Перез беше минат и од Шарл Леклер за 3то место.

Латифи беше прва жртва откако се заби во ѕид уште во вториот круг и го донесе бебедносното возило на патеката. Во моментот кога се изврте во ограда, Николас имаше контакт со несмасниот Мазепин кој оваа трка ја заврши иако на круг пред крај се изврте “ради дојам“.

За време на безбедносното возило се изглупира и Мик Шумахер емитираји го она што Гросжан го направи на Баку, а Расел лани на истата патека, непречен од никого додека загревашр гуми се изврте во ограда и го уништи носот на болидот.

Безбедносното возило се повлече во 7от круг, а периодот кој следеше беше период кој Пјер Гасли сака што поскоро да го заборави. Французинот од Алфа Таури загуби 6то место од Лано Норис во 9от круг, истиот круг беше минат и од Саинз и падна на 7мо место, два круга подоцна беше претекнат и од Строл, а потоа и од Ботас. Падот на французинот беше само поради погрешната компонента на гуми, сините за целосно мокро време кои беа несоодветни на условите.

Во овој дел од трката стјуардите му изрекоа казна од 10 секунди во место при промена на гуми на Серхио Перез поради тоа што претекнувал под безбедносно возило. Тоа беше периодот кога тој се изврте, загуби позиции и си ги поврати назад.

Во 13от круг Пјер Гасли беше миат за 10то место и од Џорџ Расел на Вилијамс, а два круга подоцнаво АлфаТаури сфатија дека направиле катастрофална грешка и го повлекоа да му монтираат зелени интермедиа гуми.

Во 18от круг Даниел Рикардо беше замолен од тимот да го пропушти Ландо Норис откако беше очигледно дека младиот британец е побрз од него. Дани го стори тоа без збор.

Себастијан Фетел во 22от круг беше прв кој промени од интерметиа на жолт медиум, а самошто излезе на патеката му беше дадена казна од 10 секунди поради тоа што неговите механичари работеле на болидот кога тоа не било дозволено во пресрет на стартот од трката додека се обидува да ги средат задните сопирачки.

Валтери Ботас влезе во гаража во 29от круг и доби нови медиум наместо оние за дожд, а круг пред него влегоа речиси сите од топ 10.

Кругот број 31 беше врвниот круг во трката, круг кој донесе “тон“ возбуда. Луис Хаилтон претекнуваше заостанат Вилијамс кога се пренецени, излета во песокот и сакајќи експресно да се врати, погреши и со носот заврши во оградаата. Во “рикверц“ некако успеа да се врати на патеката, а потоа и во боксот по ново предно крило.

Истиот круг позади имаше карамбол помѓу Расел и Ботас, а парчиња од болидите летаа насекаде. Имено, Расел сакаше да го мине Вателри чии гуми не беа загреани, тоа се обиде да го направи по асфалтот кај излезот од боксот, но влезе со десните тркала на трева и излизга директно во Ботас кој беше крај него, а му имаше оставено многу простор. Двата болиди “танцуваа“ врзани директно во оградата, а илјадници парчиња од нив летаа насекаде. Џорџ отиде да провери како е Ботас, овој му поакажа среден прст по што Расел нервозно изреагира.

Овој инцидент донесе црвено знаме и прекин на трката поради тоа што некој мораше да ги помести болидите и да ја исчисти патеката, а потоа следуваше рестарт зад безбедносно возило.

При крајот на кругот за Бернд Мајандер, Верстапен речиси да загуби контрола забавувајќи ги сите зад нив, особено Леклер кој беше зад него. Тоа придонесе возачот на Ферари да има бавен рестарт и веднаш за ја загуби својата позиција од Норис, кој патем беше на софт и претекна во 35от круг.

Следуваше “Хамилтон период“ откако шампионот во 36от круг го мина Раиконен за 8мо место, три круга подоцна го претекна Строл за 6то место, а во 42от круг и Рикардо за 5то. Во 50от круг дојде зад Ферари и Саинз и ги претекна, а пет кругови подоцна истото го стори и со Шaрл Леклер. Во 60от круг конечно го мина и Ландо Норис за второ место.

Чеко Перез имаше очаен викенд, не дојде до поени откако во 38от круг се изврте во песокот и од 4то дојде на 14то место. Себастијан Фетел мораше да се повлече во 62от круг поради пробеи со менувачот.

Верстапен водеше од почеток до крај и заврши на прво место, Хамилтон зад него, но поради најбрзиот круг денеска, води во поредокот со поен предност. Интересно, Макс никогаш во својата Формула 1 кариера не бил на прво место во возачкиот поредок.

Ландо Норис беше феномеанален, Возач на денот и дојде до подиум преку 3то место, а тандемот на Ферари, Леклер и Саинз беа 4ти односно 5ти. На шесто место се пласираше Даниел Рикардо, пред Ленс Строл кој беше 7ми. Четири поени спаси Пјер Гасли, Кими Раиконен беше 9ти и донесе два поени за Алфа Ромео, додека Естебан Окон го донесе првиот поен за Алпин.

Фернандо Алонсо беше најнесреќен со 11то место, а Серхио Перез беше 12ти. Интересно, двајцата дебитанти на Хаас ја завршија трката на 16то односно 17то место.

Хамилтон и Норис го сочинуваат првиот двоен подиум на британски возачи од Кинеското Гранд При во 2012 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ