Енергетскиот синдикат на Франција со закани за трката во Монако

Големата Награда на Монако следниот месец се соочува со ризик од прекини на снабдување со електричната енергија како дел од протестите на енергетскиот синдикат против пензиските реформи во Франција.

Синдикатите во земјата веќе неколку недели возвраќаат против непопуларната пензиска реформа на претседателот Емануел Макрон, која ја зголемува возраста за пензионирање од 62 на 64 години. Протестите на синдикатот не покажаа знаци на смирување по неодамна потпишаниот предлог-закон.

Во текот на викендот, синдикатот CGT Energie, кој го осуди недемократскиот метод на владата на Макрон, објави план наречен “100 дена акција и гнев“ како одговор на барањето на Макрон од 100 дена смирување на ситуацијата.

Планот се заканува да влијае над неколку спортски и културни настани од висок ранг, вклучително и тенискиот турнир Ролан Гарос на Отвореното првенство на Франција, Канскиот филмски фестивал и Гранд При на Монако.

Макрон вети 100 дена за смирување, ние му ветуваме 100 дена акција и гнев. Времето е дојдено за оставка – се вели во соопштението на синдикатите на Националната федерација на рудниците за енергија (FNME).

Филмскиот фестивал во Кан, Големата Награда на Монако, турнирот Ролан Гарос, фестивалот Авињон би можеле да завршат во мрак и Нема да се предадеме.

Синдикатот соопшти дека прекините на струјата ќе се користат за да се исполнат сите нивни барања. Минатата недела синдикатот тврдеше дека прекинале струја на аеродромот Монпеље и на еден колеџ за време на посетата на претседателот Макрон.

Во врска со Гранд При викендот на Монако што ќе се одржи од 26 до 28 Мај, се верува дека ACM која го организира настанот ќе има моќни резервни генератори за да ги покрие своите потреби како што има секоја година на настанот во Ф1, кои треба да ги минимизираат сите потенцијални нарушувања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ