Apple ќе снима филм за Формула 1 со Бред Пит

Добро информирани инсајдери во филмската индустрија откриваат дека Епл ги добил правата да продуцира филм со Формула 1 тематика и Бред Пит во главна улога откако огромни филмски студија и стриминг сервиси воделе војна во наддавањето по правата за ексклузивната содржина.

Deadline пренесува дека Apple Original Films е во склузивни преговори за склучување на договор за сеуште неименуван холивудски блокбастер со Формула 1 тематика, каде славниот Бред Пит ќе има улога на ментор на млад возач кој има шанса да се прослави во врвната моторспорт тркачка серија.

Ривали на гигантот Епл во војната по правта за филмот биле Амазон, Дизни и Нетфликс, заедно со МГМ, Парамаунт, Сони и Јуниверзал. Легендарниот продуцент на Топ Ган, Џери Брукхаимер го предводи овој Формула 1 проект, а со него ќе работат и режисерот на истиот филм, Џозеф Кослински и сценаристот Ехрен Кругер. Последниот филм со моторспорт тематика кој Брукхаимер го сними беше Days of Thunder со Наскар содржина и Том Круз во главната уога од 1990 година.

Глумецот Пит е огромен моторспорт обожавател и беше дел од претходен проект на Кослински, филм за Керол Шелби насловен Go Like Hell, кој не успеа да собере доволно средства за да се рализира, а во 2019 година идејата беше искористена во Ford v Ferrari со Мет Дејмон и Кристијан Бејл, филм кој заработи 225 милиони долари.

Пит го позајми својот глас и за филмот со МотоГП содржина, Hitting The Apex, откривајќи дека тој спорт му е многу мил и близок, а како почесен гостин го означи стартот на 24 часа Ле Ман во 2016 година.

Новиот Формула 1 проект ќе има буџет помеѓу 130 и 140 милиони долари, а седумкратниот шампион, Луис Хамилтон, наводно веќе бил контактира за улога во филмот како претходно беше дел од анимираниот Карс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ