ЕУ воведе санкции кон Никита и Дмитриј Мазепин

Сега веќе поранешниот Формула 1 возач, Никита Мазепин и неговиот татко Дмитри Мазепин се најдоа на листата на санкции која ја објави Европската унија.

Новостите дојдоа набрзо по изјавата на Мазепин дека ниту тој ниту татко му се под санкции и тоа не смеело да биде причина за раскинувањето на договорот. Тој се согласи да вози под неутрално знаме откако ФИА направи отстапка да дозволи возачи од Русија да се тркаат. 

Се согласив со барањето и бев подготвен, Но одлуката на Хаас не е според ФИА и моето семејство не е под сакнции. 

Но, неколку часа подоцна, Маазепин се најде на листата на ЕУ на 732 место додека татко му е на 723 место. 

Според објаснувањето на ЕУ, Дмитри Мазепин води компанија која ја финансира владата на Русија која е одговорна за анексијата на Крим и дестабилизицајата на Украина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ