Жан Тод: Леклер заслужува титула

Претседателот на ФИА, Жан Тод, смета дека младиот Шарл Леклер заслужува да биде светски шампион.

Кариерата на 22-годишниот возач од Монако е менаџирана од синот на Жан, Николас Тод, а возачот неодамна потпиша нов договор со Скудерија со важност до крајот на 2024 година.

шарл мора да се осигура дека има болид и има екипа која ќе му овозможи да победува на трки. му посакувам да стане светски првак затоа што го заслужува тоа, но се ќе зависи од болидот.

верувам дека титула во 80% зависи од болидот, а само 20% од талентот на возачот. Шарл веќе ги има тие 20% во себе – изјави жан за La Gazette de Monaco.

Французинот се осврна и на намалување на загадувањето на спортот како и развој на технологија која ќе биде применлива во секојдневнието.

тркањето е шоу, но во исто време и лабораторија. развиваме нови горива и нови технологии многу брзо, формула 1 е посветена да стане карбон неутрална до 2030 година и се надевам дека ќе бидеме поамбициозни. да се има неутрално гориво уште од 2023-2024 година би било супер.

Шефот на ФИА потенцираше дека одлуката да се воведат хибридни мотори од 2014 година, одлука која многумина ја сметаа за контроверзна,се покажала како исправна.

ако таквата одлука не беше тогаш донесена, денеска формула 1 ќе беше страшно критикувана и ќе беше во многу опасна ситуација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ