Женската W серија заедно со Ф1 во САД и Мексико

Женската W тркачка серија доби потврда дека ќе се вози како поддршка на Гранд При викендите за Големата награда на Америка во Остин, Тексас и за Големата награда на Мексико во Мексико Сити што е огромно достигнување.

Лани серијата имаше огромен подем и се возеше во вид на сезона од шест трки како поддршка на ДТМ серијата, а веќе некое време организаторите преговараат со Формула 1 да се вози паралелно со врвната моторспорт тркачка серија.

Америка и Мексико се “врзани“ викенди шест недели по крајот на европскиот дел од сезоната и логично беше од транспортна гледна точка W серијата да се организира со Формула 1. Формула 2 и Формула 3 не се возат на тие тркачки викенди така што се појави место во распоредот за пополнување.

по само една година W серијата придонесе значително во растот на темата разновидност во моторспортот.

убедени сме дека нашиот спорт мора да понуди еднакви можности како за мажи така и за жени да се натпреваруваат зедно така што не е коинциденција што се збогатува формула 1 гридот со поддршка од други разновидни серии кои промовираат различен талент.

можноста за огромната публика која по традиција доаѓа во америка и мексико да видат талентирани женски возачи од блиску дефинитивно силно ќе ја зголеми свесноста за потребата од различности во моторспортот – објасни рос браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ