Жу ги направил горди кинеските фанови

Гуанју Жу изјави дека домашните фанови во Кина се горди на него откако успеа да освои поени во Канада. 

Жу на претходните трки имаше проблем со издржливоста и не заврши три од четири nastaни, но сега во Канада имаше силни квалификации и успеа да стигне до поени освојуваќи ја деветтата позиција, иако по казната на Алонсо стигна до 8та позиција. 

Среќен сум што ја завршив трката иако имаше доста фрустрации викендов. Овој викенд на нова патека не знаев што ме очекува, но среќен сум со новите перформанси на тимот. Конечно имавме два болида во поени – посочи жу.

Тој покажа дека може да се бори за поени и имаше неколку храбри престасувања. 

Сакам да престасувам на некои тешки места и тоа можеби беше клучно. Од моја страна беше доста тешко бидејќи некаде немав грип. Навистина сум задоволен со постигнатото. 

Фокусот на Жу беше да се доближи до својот колега Ботас во првиот дел од сезоната, иако тој освои 40 поени додека кинезот освои само еден. 

МИслам дека уживав на Имола во целата атмосфера. Секоја трка е посебна. Видов доста кинески знамиња на трибините и мислам дека се навистина горди на мене. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ