Жу и Алфа Ромео имаат самодоверба по Јапонија

Жу Гуанју можеби заврши надвор од бодовите на Јапонското Гранд При, но кинескиот возач имаше добра трка на Сузука.

Жу верува дека Алфа Ромео може да се чувствува уверено за својата иднина по викендот за Големата Награда на Јапонија во кој го постигна својот прв најбрз круг. Кинескиот возач ја започна трката од 14то место на гридот пред да биде покажано црвено знаме по хаотичен старт во многу влажни услови. Два часа подоцна, трката продолжи на скратено растојание од 28 круга, но Жу не можеше да надомести места и го заврши настанот на 16то место.

И покрај ова, 23-годишникот остана да се чувствува позитивно за неговото прво возење во Сузука.

Имам позитивни  впечатоци од викендот, иако не постигнавме поени. Убаво беше да се види дека сè уште можеме да бидеме толку блиску и да имаме добро темпо, а исто така, прв пат бев во Сузука, научив многу за време на викендот.

Генерално, беше типична недела со временски промени и многу слаба видливост. На почетокот имав извртување, што значи дека морав да се вратам од дното.

На рестартот, имаше само два начина да се вози или во првиот круг променивте на интермедиа, или се обидувавте да останете надвор надевајќи се на повеќе дожд.

Имаше многу дожд што ми доаѓаше од болидите напред, па сметав дека најдобрата опција е да останам надвор на целосно влажни пневматици – откри кинезот.

Понатаму, дебитантот во Формула 1 се надева дека ажурирањата што ги донесе Алфа Ромео на Сузука имаа ветувачки знаци.

Можеме да бидеме самоуверени за во иднина. Надградбите што ги воведовме викендов изгледаат позитивно, но ни треба уште малку време за правилно да ги разбереме.

Ниту Жу, ниту колегата Валтери Ботас освоија поени во Јапонија, но тимот остана шести во шампионатот за конструктори со седум бода предност пред најблискиот ривал Астон Мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ