Жу незадоволен од пречестите дефекти

Гуанју Жу, кинескиот Формула 1 дебитант, веќе има три откажувања од трки годинава, така што посочи дека Алфа Ромео и Ферари мора да се средат и драстично да ја подобрат издржливоста.

Кинезот освои поени на своето деби во Март во Бахреин, но потоа нема топ 10 пласман и нови поени, туку преовладуваат откажувањата, од кои последното дојде во Азербејџан.

кога чув дека треба да се паркирам и откажам беше многу неочекувано и не можев да поверувам затоа што се случува пречесто и премногу пати. како екипа мораме да ги решиме проблемите и тоа е наш приоритет, наша најголема цел.

мораме проблемите да ги решиме уште на следните неколку трки затоа што за да завршиме на трка, најпрво треба да не ни откаже болидот. разочаран сум затоа што се откажав на последните три трки кога бев во комбинација за поени – посочи жу.

Иако првично се веруваше дека и Гуанју имал проблем со моторот на Ферари, сепак италијанците потврдија дека проблемот со тој болид на Алфа Ромео не бил до нив. Но, она од што кинезот може да биде задоволен во врска со минатата трка е неговиот ритам и брзина азтоа што почна од 14то место на гридот, го бркаше Себастијан Фетел, кој на крајот заврши на 6то место.

како дебитант секако дека најважно е да имате колку што може повеќе кругови за да соберете колку што можете повеќе искуство. анализирајќи ја трката и претходните трки, јас напредувам и станувам се побрз. всушност, мојот ритам во баку беше посилен одошто на моите конкуренти, ми беше добро и мислам дека ако го немав пробемот ќе освоев одлични поени и поради тоа сум нервозен и лут.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ