Жу никогаш не се сомневал во Алфа

Гуанју Жу смета дека продолжувањето на соработката со Алфа Ромео никогаш не била под знак прашалник и сигурен е дека во Заубер се импресионирани од неговиот напредок во дебитантската сезона.

Во пресрет на Сингапурското Гранд При, Алфа потврдија дека продолжуваат да соработуваат со кинезот и следната година откако освои поени во дебитантската трка и имаше серија импресивни трки.

Влезот на кинеот на Формула 1 гридот беше со нетрпение очекуван откако импресионираше ви јуниорските серии, но драматичниот пазар на возачи оваа сезона го стави и неговото место крај Валтери Ботас под знак прашалник, Така, се појавија и шпекулации дека Даниел Рикардо е во игра за возачко место во екипата од Хинвил.

да бидам искрен, никогаш не се соменвав во алфа ромео. секако дека имаше сомнеж на почетокот од сезоната затоа што не знаев како ќе се одвива дебитантската година, но се беше одлично.

екипата е задоволена со целите кои ги постигнав, го покажав мојот потенцијал главно од возачка гледна страна. на средина од сезоната знаев дека имам огромна шанса да продолжам со екипата.

да се добие и официјална шанса да се продолжи со алфа ромео беше прекрасно и навистина сум нетрпелив за предизвиците кои следуваат – најави жу.

Фредерик Васур, тимскиот шеф, исто така потврди дека немало сомнеж во продолжувањето на соработката со кинезот како најдобар можен партнер за Валтери Ботас.

целта од самиот почеток беше заедно да стигнеме до средни сегмент иво квалификациите. уште на првата трка тој стигна до к2, а следниот ден освои и поени. имаше квалификации во кои влегуваше и во послендиот сегмент, така беше и на последната трка во монца, што значи дека напреднал и се подобрил.

надвор од болидот исто така е фантастичен во однос на соработката со тимот и колегите. во фабриката се обидува да ги мотивира сите вработени, рши одлична работа и повеќе од среќен сум со се од него годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ