Жу откри дека е претерано густо во средината на поредокот

Гуанју Жу откри дека средината на овогодинешниот поредок е претерано густа по само две одработени трки.

Кинезот со Алфа Ромео се во долниот дел од средината на поредокот и се мачата да дојдат до некој поен, до сега Валтери Ботас имаше 8мо место и 4 поени од Бахреинското Гранд При на отворањето на сезоната, додека Жу заврши на 16то односно 13то место по првите две трки.

реално се бориме за позиција од 9то до 14то место, но се може да се случи со најмала грешка од конкурент може да дојдеме до финиш во поени. сезонава е лудо во средината на поредокот – посочи гуанју.

Тој е втора година дел од Формула 1 и е оптимист за нови делови и напредок на трките кои претстојат, прво онаа во Австралија со цел да има поголема потисна сила од неговата Алфа Ромемо.

ќе имаме нешто ново во австралија и се надеваме дека ќе ни донесе голем напредок, а секако дека зависи и од она што останатите екипи го работат.

секоја новина носи по малку потисна сила за чекор напред. симулациите и реалноста не се секогаш исти, така што убаво е да се проба нешто на патеката и тоа да работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ