Жу победи на првата трка од Виртуелното првенство

Гуаниу Жу победи на првата трка, Големата нагарада на Бахреин, како увертира во првата официјална Виртуелна Формула 1 тркачка сезона. Пандемијата откажа многу спортски настани низ светот, а врвната моторспорт тркачка серија реши да организира виртуелни трки со Бахреинското Гранд При како прв настан на денот кога требаше да се одржи реалната трка на Шакир.

Пол позицијата на жестоките квалификации му припадна на ДТМ возачот Филип Енг кој возеше Ред Бул, пред Естебан Гутиерез на Мерцедес, а победникот на трката Жу се квалификуваше на трето место во својот Рено.

Стартот беше хаотичен, а ветеранот Џони Херберт го предводеше поредокот, а Енг и Жу му “дишеа во вратот“.  Раното влегување во бокс на кинезот се покажа одлучувачки затоа што на тој начин го превзем водството кога останатите менуваа подоцна во текот на трката од 14 кругови, која беше скратена на половина од првично најавените 28 обиколки. Стофел Вандорн со Мерцедес се закани на крајот на трката, но немаше сила да го мине Рено.

Со Стофел на второ место, подиумот го комплетираше Енг за Ред Бул пред ѕвездата на виртуелните трки, Џими Броадбент кој возеше Рејсинг Поинт.

Ландо Норис ги пропушти квалификациите и стртот на трката поради технички проблем, но штом почна да вози брзо се пробиваше низ поредокот каде имаше контакт со Броадбент и финишираше на 5то место со својот Мекларен. Британецот трката ја пренесуваше и преку Твич каде над 100.000 следачи во живо го следеа, додека Јутуб каналот на Формула 1 беше следен од над 300.000 гледачи.

Николас Латифи нема деби на Формула 1 трка, но на виртуелниот шампионат почна одлично со 6то место пред Лука Салвадори од Супербајк кој возеше Алфа Таури и Редив на Хаас. Последни во поени беа Дино Бегановиќ од Ферари и Естебн Гутиерез на Мерцедес, а Нико Хулкенберг беше прв кој не освои поени.

Херберт финишираше 13ти за Алфа Ромео пред Николас Хамилтон кој возеше Мелкарен.

Виртуелна Гранд При трка ќе се одржува секој викенд за кога е предвидено реално Гранд При согласно првичниот календар пред одложувањата поради пандемијата. Патеките во Виетнам и Холандија не се овозможени во играта, така што тие трки ќе се возат во различно време.

Следната трка која ќе се вози во терминот кога требаше да биде Големата награда на Виетнам ќе се вози на 5 Април и тоа на Алберт Парк во Мелбурн, додека Виртуелна трка во Кина ќе има две недели подоцна. Посебни настани се планирани помеѓу трките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ