Забраната на ФИА за Русија е неприфатлива

Поранешниот Формула 1 возач, Виталиј Петров, смета дека ФИА не е во право што забранила се што е руско по руската инвазија на Украина од Февруари лани.

Во моментов русите не смее да се натпреваруваат на трки организирани од ФИА под руско знаме, така што резервистот на Ферари, Роберт Шварцман, вози со својата израелска лиценца.

Никита Мазепин имаше договор со Хаас за возачко место, но доби отказ по почетокот на инвазијата, а американската екипа исто така го раскина и договорот со својот голем руски спонзор, Уралкали.

без учество на русија сметам дека ниту еден шампион и ниту една олимпијада не е валидна. мораме да престанеме да се плашиме и да ја вратиме русија во светскиот спорт. по мене е неприфатливо и не го разбирам целиот апсурд од воведување на жестоки санкции од таков вид – искоментира петров.

И покрај периодот на изолираност, Виталиј смета дека рускиот моторспорт ќе стане подобар.

ако зборуваме за моторспортот, ако сите најсилни трки во русија се одржат, ќе се зголеми внатрешната конкуренција и нивото на тркањето. луѓето ќе пробуваат различни калси и ќе се носат нови автомобили, а тоа ќе донесе нова публика. ако ја искористиме актуелната ситуација можеме дополнително да го развиеме моторспортот.

можеме да обучиме млади луѓе за дополнително да се подобриме. факт е дека оваа изолација не може да трае вечно. знам дека е тешко, но никој не треба да се откаже.

целиот живот сум сакал да се тркам во формула 1 и поради тоа многу добро ги разбирам младите возач, но мора да бидат трпеливи, да тренираат и никогаш да не се откажуваат затоа што мора да бидат подготвени кога ќе им се укаже можност.

Петров се тркаше за Рено иза Катерхам во својата тркачка кариера и стана првиот русин што се тркал во Формула 1 во 2010 година. Дојде и до подиум во своите три сезони во тркачката серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ