Замешал ли Бриаторе прсти во менаџирањето на Пиастри ?

Поранешниот Формула 1 возач, Кристиан Данер, посочи дека Флавио Бриаторе замешал прсти во аферата со договорот на Оскар Пиастри, откако Отмар Шафнауер потврди дека имало нелегално споделување информации.

Гласините велат дека Марк Вебер, менаџерот на Пиастри, Фернандо Алонсо и самиот Флавио Бриаторе кој подолго време се грижи за кариерата на Нандо, ја смилиле целата работа за шокантен трансфер на Оскар во Мекларен. Последните вести се дека Contract Recognition Board на ФИА треба да го одобри преминот на Пиастри во тимот од Вокинг откако ќе ги разгледа договорите кои тој ги има со Мекларен и со Пиастри.

целава ситуација личи на начинот на работа на бриаторе, класичен флавио. веројатно постои договор кој пиастри го има, кој флавио го прекршил, дефинитивно имало некоја клаузула за која тој се фатил – посочи данер.

Поранешниот возач смета дека штом Бриаторе се зафатил со Пиастри, во него гледа потенцијал во рангот на Фернандо Алонсо и Михаел Шумахер.

ако тој верува во некого, дефинитивно има план за позитивна разрешница за него. тој е безимлосен, што е логично во овој бизнис.

мислам дека пиастри ќе се ослободи од својот договор со алпин и ќе вози две години во мекларен, а потоа ќе се ослобид за договор со некоја од врвните екипи, тоа е дефинитивно план на бриаторе.

Данер исто така посочи дека Пиастри нема да биде збунет од интригите кои со себе ги носи Формула 1 и покрај тоа што Шафнауер е бесен за нелојалноста на возачот.

тој знае што го чека, сака да победува и ништо друго не го интересира. комбинацијата вебер – бриаторе веројатно е идеална за таков карактер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ