Занарди опериран по трети пат, овој пат цели пет часа

Поранешниот Формула 1 возач, Алекс Занарди, имаше и трета операција која траела повеќе од пет часа по сериозните повреди со кои се здоби при несреќа која ја имаше со својот рачен велоспиед.

Поранешнот првак во американски КАРТ излета директно во камион додека со својот рачен велосипед учествуваше на трка низ Италија по што итно беше префрлен и операриран во болница во Сиена. Возачот беше ставен во вештачка кома пред втората операција коај се спроведе за време на предпоследниот ден од минатиот месец.

Најновата операција врз 53-годишникот траела пет часови и била насочена кон реконструкција на лицето и стабилизација на деловит еод главата кои бил под влијание на траума.

врз пациентот беше извршена нова операција од максилофацијален хирург и невро хирург за да се изврши реконструкција и стабилизација на деловите од главата и лицето кои претрпеле траума – изјавија од болницата во сиена.

Професорот Паоло Џенаро, директор на максилофацијалниот оддел на болницата изјави:

фрактурите беа сложени и тоа бараше внимателен пристап со помош на компјутерска и дигитална технологија, тридимензионални технологии за добро на пациентот.

Здравствената состојба на четирикратниот освојувач на златен медал на Параолимпијадата е непроменета.

неговата состојба е стабилна од кардио-респираторен и метаболитички аспект, но тешка од невролошка гледна точка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ