Занарди смета дека Хамилтон ќе се мачи догодина

Поранешниот Формула 1 возач, италијанецот Алекс Занарди, смета дека на Луис Хамилтон ќе му биде многу тешко следната тркачка сезона.

Тој откри дека уживал да ги гледа трките сезонава кои смета дека воопшто не биле здодевни и покрај тоа што Луис Хамилтон ја обезбеди титулата на две трки пред крајот на сезоната.

мислам дека ќе видиме поотворена борба следната година и сметам дека идниот успех на хамилтон не е гарантиран – изјави алекс за италијанска La Gazzetta dello Sport.

Сепак, 53-годишниот возач се восхитува на достигнувањата на Хамилтон и начинот на кој стигнал до нив.

неговата величина е во неговата ментална сила и признавањето на вина кога ќе направи грешка, како онаа со албон во бразил.

од моја гледна точка, мислам дека леклер е многу сличен како него, многу повеќе од фетел кој не е таков иако е многу поискусен.

тешко е да се каже кој ќе победи следната година, мислам еден од леклер и верстапен, но прво треба да се види каков пакет ќе имаат на располагање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ