Зандворт нема ништо против трка во вториот дел на сезоната

Челницит ена автодромот Зандворт немаат ништо против подоцен датум за наредната доколку тоа е потребно да имаат трка со фанови крај патеката.

Спортот требаше да се врати на холандскиот автодром по 35 години, но поради пандемијата оваа трка беше откажана. Пандемијата ја одложи и оцената за патеката која треба да биде домаќин на Формула 1 трки, но кон средината на Јули, шефовите на патеката открија дека ја добиле потребната оценка од ФИА.

Последната трка тука беше во 1985 година и сега повторно имаме високо оценета патека. Горди сме со нашите капацитети. Ова е прекрасна патека со легендарен карактер.

Додадовме и некои добри ефекти со свиоци под агол. Не можевме да посакаме нешто подобро – изјави Ламерс. 

Формула 1 успеа да одржи неколку планирани трки оваа сезона зад затворени врати, додека трки со публика се можни подоцна. Ламерс се надева дека Зандворт ќе организира трка со фанови наредниот Мај, но отворен е и за вториот дел од сезоната доколку фановие сеушт енемаат можност да присуствуваат на трката.

Сеуште немаме владина подршка за организацијата и работиме со наши средства. Сакаме да направиме фестивал за целото семејство од три дена. Тоа е нашиот целосен потенцијал.

Доколку во мај 2021 година не може да организирме трка со фанови, тогаш ќе организираме подоцна.

Сезоната оваа година ќе биде долга, Можеби и наредната ќе биде слично и ќе може да се собереме без социјална дистанца. Потребен ни е лек или вакцина и Се надевам ќе биде се во ред – заврши ламерс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ