Зандворт ќе ги исполни безбедносните стандарди

Патеката во Зандворт која ќе биде домаќин на Холандското Гранд При во 2020 година во Формула 1 ќе ги исполни потребните Ниво 1 стандарди на ФИА со инсталација на нови бариери.

Зандворт моментално поминува голема реконструкција за патеката да биде на ниво на Ф1 стандардите, откако последна трка се одржа во 1985 година. Дел од подобрувањата вклучуваат нови заштитни огради и бариери околу патеката, а изведувач на работите е швајцарската компанија Геобруг, кои се единствениот производител хомологиран од ФИА.

Новата ограда е клучен чекор напред за патеката, која ќе ги испочни Ниво 1 стандардите на ФИА, потребни за одржување на гранд при трка. Иако поголемиот дел од патеката ќе биде зачуван за трката, која ќе се одржи на 3ти Мај 2020 година, последниот свиок е променет за да има закосен дел.

Косината ќе биде од 32 проценти, еквивалентно на 18 степени, што е позакосено од свиоците на Индијанополис.

Геобруг ќе инсталираат 3400 метри постојана заштитна ограда, 900 метри подвижна ограда и околу 600 метри бетонски бариери околу патеката. Патеката на Америките, Сингапур, Монако, Ред Бул Ринг, Спа, Пол Рикар, Ерманос Родригез и Сочи, се сите снабдени од Геобруг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ