Зандер: Леклер е мешавина од Кими и Шуми

Долгогодишниот тимски менаџер на Заубер, Беат Зандер, смета дека во Шарл Леклер има мешавина од Кими Раиконен и Михаел Шумахер, возачи кои имаат вкупно 8 шампионски титули за себе.

Младиот возач од Монако дебитираше во Формула 1 во 2018 година со Заубер, а мина една година таму пред да направи трансфер во Ферари за 2019 година. Работејќи со Леклер, Зандер сфатил дека се работи за возач каков што нема видено порано.

Беат смета дека Леклер е мешавина помеѓу последниот шампион на Ферари, Кими Раиконен, и најуспешниот возач во Формула 1 историјата, Михаел Шумахер.

имавме одлична сезона и беше интересно повторно да добијам шанса да работам со млад и толку талентиран возач. и порано сум го правел тоа, но веќе некое време н сум имал таков талент на располагање, посебен возач со посебен став.

никогаш немам виден возач како шарл и беше вистинска награда за мене да работам со него по тешкиот период кој го имавме во минатото.

за мене, од гледна точка на брзината тој е кими раиконен, а од својот став кон работата тој е михаел шумахер. дајте му добар болид и дефинитивно ќе ви донесе титула – сигурен е швајцарскиот инеженер.

Тимски колега на Шарл во сезоната која ја одработе во Заубер му беше швеѓанецот Маркус Ериксон кој не бил изненаден од тоа како младиот возач се носеше со Себастијан Фетел.

веднаш се виде дека тоа момче е посебно и има посебен талент. кога отиде во ферари и требаше да вози против фетел знаев дека ќе биде супер конкурентен, иако не очекував да биде толку добар колку што беше во својата прва сезона со тимот.

можам да ви кажам дека е многу многу посебен и многу талентиран. дефинитивно ми помогна и мене да се покажам и докажам. начинот на кој возеше во ферари лани ме натера да мислам за нашиот заеднички период.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ