Зандер: Леклер е најсовршениот возач

Долгогодишниот спортски директор на Заубер, Беат Зандер, откри дека Шарл Леклер е најсовршениот возач со кого некогаш работел во својата долга Формула 1 кариера.

Тој е дел од швајарската екипа уште од 1980-тите години, почна како механичар во Хинвил, напредуваше и стана тимски менаџер и спортски директор. Во својата долга кариера, ветеранот соработувал со Кими Раиконен, Фелипе Маса, Себастијан Фетел, Роберт Кубица и многу други.

Во 2018 година Леклер дојде во екипата како актуелен Формула 2 првак како чекор кон неговото место во Ферари чиј штитеник беше и тој период го мина работејќи под будното око на Зандер.

за мене шарл е огромен талент и веројатно најсовршениот возач со кого некогаш сум работел. неговата желба да го разбере спортот и техничката страна, понекогаш дури и преголемио сомнеж во себе, тој е доста самокритичен – објасни зандер.

Тој смета дека особината н моначанецот самиот да превзема одговорност за своите грешки и да анализира што направил наопаку, е нешто што ретко кој во падокот го признава.

тоа за мене е најголема разлика помеѓу него и останатите, тој не обвинува никого, прво е обвинува себе.

Во 2019 година Шарл мина во Маранело каде го замени Кими Раиконен и возеше крај Себастијан Фетел во Ферари, додека финецот се врати онаму каде што започна, во Хинвил.

кими има неверојатно чист возачки талент, неверојатен е. дури и кога беше постар и се врати во тимот, можеше да вози многу брзо, веројатно побрзо од било кој без да се подготвува и мнунва време во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ