Запленета вила на Никита Мазепин од над 100 милиони евра

Агнти на италијанската Влада открија дека заплениле вила вредна над 100 милиони евра сопственост на веќе поранешниот Формула 1 возач, Никита Мазепин и неговиот татко, рускиот олигарх Дмитриј Мазепин.

Вилата позната под името Rocky Ram е лоцирана во севетниот дел на Сардинија, а акцијата била насочена кон казнување на пребогатите руси поддржувачи на Владимит Путин по февруарската инвазија на Русија над Украина.

Никита требаше да ја одработи својата втора Формула 1 сезона во Хаас како колега на Мик Шумахер, но доби “клоца“ од тимот по почетокот на инвазијата, а американската екипа ја раскина соработката со компанијата на Дмитриј, Уралкали, кои беа главни спонзори на тимот.

Никита Димитриевич Мазепин стана дел од листата на санции на Европската Унија заедно со татко му поради блиску врски со Претседателот на Русија, Путин.

Минатите неколку недели, Италијанската полиција заплени вили и јахти вредни над 900 милиони евра од руси кои се дел од листата на санции на Европската Унија. Највреден запленет имот во Италија во моментов е суперјахтата на Андреј Игориевич Мељниченко која вреди околу 530 милиони евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ