Заубер основа своја Академија за млади возачи

Заубер моторспорт основа своја Академија за млади возачи во која за почеток членови ќе бидат германскиот Формула 4 првак Тео Пурчер и картинг возачот Емерсон Фитипалди Јуниор.

Заубер го раководат Алфа Ромео Формула 1 тимот имаат богата историја во помош при развојот на млади возачи како Михаел Шумахер, Кими Раиконен, Роберт Кубица и Серхио Перез. Екипата минатата година работеше со Шаруз и нивниот Формула 2 тим, но соработката беше само за едно сезона, така што сега од в=Швајцарија официјално објавуваат своја Академија.

Академијата ќе биде под целосна контрола на Фредерик Васур, шефот на Алфа Ромео како и спортскиот директор на Формула 1 тимот, Беат Зандер, кои ќе дадат насоки за подготовката која е неопходна да се стигне до врвната тркачка серија.

инвестирањето во млад талент секогаш е суштински дел од тркачката филозофија на заубер моторспорт. нашата академија е последен проект насочен да произведе ѕвезди во иднина и да ги раководи нивните кариери со давање на соодветен алат, образование и ресурси кои им се потребни во светот на моторспортот – смета фред васур.

16-годишниот германски Формула 4 првак, Пурчер, сезонава ќе се трка во Формула 3 со АРТ, тимот кој порано беше сопственост токму на Васур.

навистина сум среќен што станувам дел од академијата и ќе ја имам поддршката од заубер. ова е навистина супер шанса да научам многу од еден од најисториските екипи во сспортот.

ќе бидам најмлад возач на формула 3 гридот каде ќе возам за арт, а поддршката која ќе ја добијам ќе биде клучна за остварување на мојата цел, а тоа е да победувам – вели пурчер.

Друштво на германецот ќе му прави 13-годишниот бразиле, Фитипалди Јуниор, син на двократниот првак Емерсон Фитипалди, кој ќе се трка во OK-J картинг првенството со Заубер Картинг Тим.

горд сум што сум избран од академијата на заубер заедно со останатите. искуството во моторспортот кое заубер го има ќе ми помогне многу брзо да научам – изјави младиот возач.

Исто така, шкотланѓанецот Декстер Патерсон ќе стане дел од Академијата и сезонава ќе дебитира во отворени едноседи преку италијанската Формула 4, додека Петр Птачек, Формула Рено Еурокуп возачот ќе продолжи во истата серија, но со поддршка на Заубер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ