За Алонсо, квалификациите биле многу стресни

Возачот на Алпин, Фернандо Алонсо, беше еден од првите кои поставија силно време на мазни гуми по Марина Беј, а брзите кругови се редеа како што условите на патеката се подобруваа.

За двократниот првак, квалификациите биле многу стресни поради тешките услови на патеката со мазни гуми во последниот сегмент. Тој се обидувал да биде на лимитот и да ужива на начин што го засилувал ритамот секој следен круг.

без сомнеж беше многу стресно, на самиот лимит, но беше уживање. нивото на ризик и стрес беше многу високо и кога ги ставивме мазните гуми во последниот сегмент бевме похрабри од сите затоа што се коцкавме, но на крајот тоа беше вистински избор и правилна одлука.

но, да се оди секој круг се побрзо и побрзо од претходниот со надеж дека болидот ќе остане на патеката и ќе бидам побрз од другите носеше многу големо ниво на стрес – објасни нандо.

Алпин донесоа новини на подот викендов што очекуваа да им донесе значителна предност во однос на Мекларен во борбата за 4то место во поредокот. Нандо посочи дека главна грижа е да освојат повеќе поени од Мекларен на трката иако знае дека тоа ќе биде тешко ако трката е сува.

мислам дека ако е суво, ќе биде многу тешко да се претекне, но убаво е што обезбедивме топ 5 на квалификациите и сакаме да освоие повеќе поени од мекларен, тоа е главна цел. ако е мокро ќе има многу можности да има непредвидени работи. треба да биде добра трка за нас, но може да биде и лоша, може да имаме незавршен настан, не се знае ништо.

има многу ризик ако врне, но ние сме две позиции од подиум, така што добро е да си сонуваме оптимистички вечерва.

Иако тој верува дека новините од тимот донеле перформанси, смета дека тие се мали во однос на предноста во ритамот која ја имаат.

секако дека сме побрзи поради новините, можеби тие ни даваат десетинка, а ние сме седум десетинки пред норис и пет десетинки зад саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ