За Брандл, крајот на трката во Монца бил болен за гледање

Поранешниот возач и сегшен аналитичар и коментатор на бритнски Скај, Мартин Брандл, останал разочаран од последните кругови на Големата награда на Италија кога контролата на трка реши настанот да биде завршен зад безбедносно возило.

Макс Верстапен победи на трката откако последните кругови се возеа зад Бернд Мајландер поради тоа што откажа Мекларенот на Даниел Рикардо и се паркираше на претпослендиот правец од патеката, заглавен во брзина. Тоа предивика незадоволство затоа што многумина сметаа дека трката требала да биде прекината и да се дозволат некоклу кругови пеколно тркање за фантастичен крај каков што доликува на Монца.

беше болно да се гледа, мекларенот беше заглавен во брзина и не можеше да биде поместен, а даниел се намачи да најде отворено место каде можеше безбедно да го паркира болидот.

се работи за старомодна патека со не многу сервисни патишта крај неа, така што мобилниот кран малку задоцни – посочи брандл.

Многумина како и Брандл останале загрижени од користењето на мобилен кран додека болидите вртеле по патеката и го следеле безбедносното возило, нешто слично како на трагичното Јапонско Гранд При кога животот го загуби Жул Бјанки.

морам да кажам дека гледајќи болиди како поминуваат до кранот, а трката не е прекината иако се вози со брзина која ја диктира безбедносното возило не беше добро и целосно оправдано беше црвено знаме и прекин на трка.

Азербејџанското Гранд При лани беше одлична трка на кој се виде користењето на црвено знаме на крјаот од трката на задоволство на многумина, секако ако има потреба за тоа. Откако гумите на Строл и Верстапен откажаа при големи брзини на главниот правец во Баку, трката беше сопрена, така што сите променија гуми за да го намалат ризикот.

има една иницијатива која се дискутира во врска со последните пет кругови од трката и доколку се појави проблем тогаш, трката да се сопре и да има рестарт од гридот.

видовме во азербејџан лани како тоа направи огромни исчекување и силна возбуда до крајот. морам да кажам дека црвено знаме се истакнува само по сериозен инцидент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ