За Гасли, Мајами била најдобра трка за Алпин досега

Според французинот Пјер Гасли, тимот на Алпин го имал својот најдобар викенд во годината на Големата Награда на Мајами.

Откако освои поени на воведните две трки, Алпин замина од следните две без резултат, што доведе до тоа што извршниот директор Лоран Роси да изјави дека е потребно итно подобрување.

Во Австралија Гасли ги отпиша двата болида од топ 10 со несмасен маневар при доцното рестартирање, додека во викендот во Баку, екипата имаше проблеми со доверливоста од самиот почеток. Сепак, англо-француската екипа се врати во форма во Мајами откако Гасли се квалификуваше на одлично петто место и заврши осми, а Окон се пласираше на деветтото место.

Поранешниот возач на Ред Бул беше разочаран што прекумерното штедење гориво го натерало да ги отстапи позициите и на Шарл Леклер од Ферари и на Мерцедесот на Луис Хамилтон подоцна.

Мислам дека се обидовме да го направиме најдоброто што можевме за време на нашата трка, имавме одличен почеток, успеавме да стигнеме до 4то место и се обидов да го задржам темпото со Саинз и Алонсо пред мене, но за жал, тие беа побрзи од нас па се обидовме да го направиме најдоброто што можевме.

Вториот стинт возев на шесто место и на петнаесет круга до крајот морав да направам многу заштеда на гориво, што беше малку досадно кога знаеш дека имаш Ферари и Мерцедес зад себе кои те стигаат, па сакав да дадам сè, но во исто време требаше да заштедиме гориво.

Го видовме Шарл како се доближува круг по круг и за жал на четири круга до крајот успеа да помине. Се боревме со едно Ферари и еден Мерцедес толку блиску до карираното знаме, тоа навистина покажува дека направивме голем чекор напред овој викенд.

Гледајќи ги позитивите, стигнавме до двојни бодови за тимот и се надеваме дека можеме да се надоградиме од таму и да ја намалиме разликата.

Додека Гасли го пофали закрепнувањето на Алпин само една недела по напорниот викенд во Азербејџан, французинот вели дека тимот мора да обезбеди подобрена конкурентност од Мајами како отскочна даска за поконстантни перформанси од овој момент па натаму.

Тоа беше нашиот најдобар викенд во годината. Се квалификувавме петти и завршивме осми, мислам дека тоа беше потрадиционален викенд, но сега треба да разбереме што се случи во Баку и зошто ни недостасуваа толку многу перформанси.

Овој викенд беше многу подобар, моравме да го сфатиме овој пакет и да се обидеме да добиеме одредена конзистентност во текот на следните неколку викенди.

Освојувањето на двојни поени на Алпин ги издигна на петтото место во шампионатот за конструктори пред Мекларен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ