За Мекларен, Рејсинг Поинт се веќе недостижни

Карлос Саинз и Ландо Норис се загрижени дека Мекларен нема да биде во можност да се трка со Рејсинг Поинт во Австрија.

РП20 се очекуваше да биде брз годинава, а во Петок испорача перформанси достојни за трето месо во поредокот. Серхио Перез ја заврши втората тренинг сесија на 3то место единствено зад болидите на Мерцедес, додека Ленс Строл беше две десетинки зад него на 7та позиција.

Саинз призна дека Рејсинг Поинт биле побрзи одошто тие предвидувале така што речиси и се откажале од идејата да се тркаат и борат со нив.

рејсинг поинт беа многу брзи денеска. очкувавме перформанси од нив, но на толку куса патека да се има предност пред остатокот од средината како што имаа тие е навистина импресивно.

мислам дека се премногу далеку од нас за да се обидеме да се бориме со нив, но барем ги имаме рено за тркање и ќе биде одлична забава – најави шпанецот.

И другиот возач на тимот, Ландо Норис, призна дека “розевите“ се далеку.

рејсинг поинт се малку пред нас, но не анализираме премногу и не предвидуваме каков ќе биде нивниот тркачки ритам. остатокот од средината е збиен и тешко е да се предвиди затоа што изгледа дека ред бул и ферари не се така брзи како што беа лани на оваа патека.

мслам дека ние напреднавме, а и сите од средината на поредокот потади што ќе биде многу интересно. сите ќе се засилат во сабота и ќе возат со помалку гориво така што останува да видиме. ние се фокусираме на себе и се обидуваме да извадиме се од болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ