За Рено, 2021 не е оправдување за лоша сезона годинава

Од Рено велат дека нивните амбиции за новите правила кои стапуваат на сила од 2021 година не смее да бидат никакво оправдување за да се има лоша сезона годинава.

Францускиот производител одсекогаш јасно ставал до знаење дека смета оти новата регулатива е голема шанса за нив да се предизвика водечката тројка.

Во Енстон веќе се работи на идниот болид, но во исто време не се отпишува и сезоната која следи, особено по разочарувачката 2019 година и неостварените цели.

искрено немаме различен пристап во пресрет на оваа сезона, од комуникациска гледна точка или од аспект на очекувањата, веројатно ќе биде само малку поинаку. зимата е вообичаена, но во исто време зима која претходи на година која ќе биде голем предизвик затоа што мора да се балансира помеѓу 2020 година и 2021 година.

сите на гридот имаат голем предизвик прд себе, но никој нема големи очекувања како нас за 2021 година затоа што нашата стратегија се базира на новите правила. многу ни годи новата регулатива.

сепак, не сакам она што ќе се случува во 2021 година да биде оправдување за лошо издание годинава. оваа сезона ќе имаме предност по низата промени кои ги напрвивем лани кои би требало позитивно да влијаат на на нас и тоа сакаме да го видиме на патеката – појасни сирил абитебул од рено.

Францускиот фабрички тим најави дека во Париз на 12 Февруари ќе го промовира својот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ