За Ферари тест со два болида би бил неефикасен

Луиџи Мазола, поранешниот одговорен за тест екипата на Ферари, смета дека пристап со тест на два болида пред почетокот на сезоната не би бил ефикасен.

Тоа беше стратегија искористена од Мерцедес минатата година кога во двонеделниот тест се појавија со два различни болиди во секоја од неделите. Но тие потврдија дека тоа нема да го повторат во 2020 година, а Мазола појасни дека не би било ефикасно за Ферари да тестира два болида.

Не сметам дека е ефикасно да се донесат два болида со пауза од само една недела измеѓу.

Стабилните правила помеѓу 2019 и 2020 година даваат надеж дека ќе има продолжеток од тоа што го видовме минатата година и дека Мерцедес, Ред Бул и Ферари ја завршија сезоната многу блиску еден до друг. Ограничените промени се главна причина зошто Мазола не гледа вредност во тестирање на два болида, но вели дека Скудерија го направиле тоа во минатото кога имало големи промени.

Тоа е вообичаено, кога носите целосно нов болид на патеката, со цел да се потврди издржливоста, а потоа да тестирате болид со модификации тестирани во воздушниот тунел. ПОмеѓу првата и втората тест сесија има 5 дена, но во 5 дена не може да промените многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ